• понеделник, 23 декември 2024

Комерцијалниот суперсоничен авион Екс-ви-1 подготвен за тест-летови

Комерцијалниот суперсоничен авион Екс-ви-1 подготвен за тест-летови
Денвер, 14 јули 2020 (МИА) - По повеќе од 50 години од првиот лет на Конкорд, се подготвува нов суперсоничен комерцијален авион. Станува збор за прототип на компанијата „Бум суперсоник“ од Денвер, САД.  - Екс-ви-1 е првиот чекор во враќањето на суперсоничното патување во светот... Ќе обезбедиме суперсоничната иднина да биде безбедна, како и еколошки и економски одржлива, рече Блејк Скул - основач и извршен директор на компанијата. Така, Екс-ви-1 прототипот на новиот суперсоничен комерцијален авион „Оверчр“, својот прв пробен лет ќе го има наредната 2021 година.  си/сд/

Остани поврзан