• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Комбос и Рубио во телефонски разговор го потврдиле кипарско-американското стратешко партнерство

Комбос и Рубио во телефонски разговор го потврдиле кипарско-американското стратешко партнерство

Никозија, 6 март 2025 (МИА) – Многу продуктивен разговор со државниот секретар Рубио, потврдувајќи го силното кипарско-американско стратешко партнерство и истражувајќи нови патишта за соработка, напиша на платформата Икс министерот за надворешни работи на Република Кипар Константинос Комбос за телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, јави дописничката на МИА од Атина.

Комбос додаде дека разговарале за начините за понатамошно унапредување на соработката во инвестициите, енергетиката и одбраната, како и за последните случувања во кипарското прашање и клучните регионални случувања, вклучително и ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток.

Од Министерството за надворешни работи на Кипар, исто така преку Икс, информираа дека Комбос и Рубио се фокусирале на билатералните односи „кои еволуираа во стратешко партнерство“ и била пренесена „силната посветеност во придонесот во справувањето со предизвиците, следењето заеднички интереси и поттикнувањето можности кои имаат за цел поголема стабилност, просперитет и безбедност во регионалниот контекст и пошироко“. ср/ссм/

Фото: Министерството за надворешни работи на Кипар

Остани поврзан