• петок, 22 ноември 2024

Командантот на иранските сили Кудс во Либан го координира можното проширување на војната

Командантот на иранските сили Кудс во Либан го координира можното проширување на војната

Бејрут, 31 октомври 2023 (МИА) - Командантот на иранските експедициски сили Кудс во Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Есмаил Каани, се вели дека е во Либан за да координира можна поширока конфронтација со Израел.

Според британските медиуми, Каани пристигнал во Бејрут еден ден по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и оттогаш е таму, со исклучок на посетата на Техеран од 16 до 20 октомври за консултации.

Во текот на изминатите десет дена, Каани се состанал со водачите на палестинските терористички групи, како и со раководството на Хезболах, на кои им ги пренел пораките од иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Иранските прокси групи во Либан, Сирија, Ирак и Јемен се обвинети дека извршиле напади против Израел и американските војници стационирани во регионот.

Безбедносните извори велат дека додека силите Кудс ги координираат сојузниците на Иран на Блискиот Исток во „соба за заеднички операции“, лидерот на Хезболах, Хасан Насрала има моќ да одлучува за нападите од Либан против Израел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан