• петок, 22 ноември 2024

Колинс победи во Мајами и го освои највредниот трофеј во кариерата

Колинс победи во Мајами и го освои највредниот трофеј во кариерата

Мајами, 31 март 2024 (МИА) - Светскиот рекет број 53, Даниеле Колинс, синоќа во финалето на ВТА турнирот во Мајами ја победи четвртата на светската ранг-листа Елена Рибакина со 7:5 и 6:3.

Ова е трета титула во кариерата за Американката и прва на ВТА 1000 турнир.

Колинс победи противник од топ-5 по петти пат во 20 натпревари. Таа ја прекина серијата од осум порази против претставници на првата петорка.

Утре Колинс ќе се искачи на 22. позиција во рангирањето.

Во јануари, Колинс објави дека ја игра последната сезона како професионалец. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан