• сабота, 23 ноември 2024

Ковач го презема Монако

Ковач го презема Монако
Монако, 18 јули 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Баерн и Ајнтрахт Франкфурт, Нико Ковач, наскоро ќе биде официјално назначен за шеф на стручниот штаб на Монако. Според еден од најпочитуваните спортски весници, „Екип“, веќе е постигнат договор меѓу двете страни, а единствено прашање е кога „кнезовите“ официјално ќе соопштат дека Ковач е новиот тренер. - Ги знаеме неговите карактеристики: коса до рамо, продорен изглед и енергичен стил на водење на тимот од клупата. Познат човек во светот на фудбалот, затоа што овој 48-годишник, како играч и како тренер, има 30 годишно искуство на највисоко ниво, пишува „Екип“ во воведот за текстот за новиот тренер на Монако.

Тагови

Остани поврзан