• понеделник, 04 ноември 2024

Ковачевски - Фасино: Прашањето на почеток на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа

Ковачевски - Фасино: Прашањето на почеток на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа
Скопје, 22 мај 202 (МИА) - Прашањето на почеток на преговорите на Брисел со Северна Македонија е неопходен одговор на потребата за безбедноста на Европа, констатирале на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Домот на пратениците на италијанскиот парламент Пјеро Фасино. На средбата, пред почетокот на официјалната и работна посета на Италија и Ватикан на Ковачевски,  е истакнато традиционалното пријателство меѓу Северна Македонија и Италија кое постојано се унапредува на највисоко институционално ниво кое е втемелено на заедничките европски вредности. -Премиерот Ковачевски на средбата се заблагодари за силната поддршка за европските перспективи на нашата земја која беше и формално изразена со резолуцијата на Парламентот на Република Италија во која италијанските народни претставници побараа ЕУ да го продолжи проширувањето со итно започнување на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, како приоритетно прашање со која ќе биде потврдена европската перспектива на Западен Балкан, наведуваат од владината прес-служба. Ковачевски во тек на престојот на Ватикан и Рим ќе има аудиенција кај папата Франциск и ќе присуствува на молебенот на гробот на Св. Кирил во црквата „Сан Клементе“, а во работниот дел од посетата  се најавени средби со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги, како и со премиерот на Бугарија Кирил Петков. лв/  

Остани поврзан