• среда, 03 јули 2024

Ковачевски со честитка до Шекеринска: Изборот за потпретседател на ПЕС е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи

Ковачевски со честитка до Шекеринска: Изборот за потпретседател на ПЕС е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Фејсбук профил упати честитка до Радмила Шекеринска за нејзиниот избор за потпретседател на Партијата на европските социјалисти (ПЕС). -Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција - потпретседател, личност која доаѓа од земја која се уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор!, напиша на ФБ премиерот Ковачевски. дма/сст/

Остани поврзан