• понеделник, 18 ноември 2024

Ковачевски-Агелер: Пратениците треба да покажат државничко однесување

Ковачевски-Агелер: Пратениците треба да покажат државничко однесување

Скопје, 17 август 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, со која разговарале за поддршката од САД за европскиот пат на земјава.

- Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил.

Според премиерот, пратениците се пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во ЕУ.

-Заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија, заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината. ЕУ е нашата единствена алтернатива, напиша Ковачевски на „Фејсбук“. бт/бак/

Фото/ Фејсбук страница на премиерот Димитар Ковачевски

Остани поврзан