• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Концептот на СДСМ значи поголеми плати, пензии и демократија 

Ковачевски: Концептот на СДСМ значи поголеми плати, пензии и демократија 

Скопје, 19 февруари 2024

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска го отвори промотивниот штаб на партијата во Расадник, општина Кисела Вода.

Во обраќањето пред присутните членови, граѓани и симпатизери, Ковачевски рече дека концептот на СДСМ значи поголеми плати, пензии, слобода на говор и демократија а концептот на ДПМНЕ изолација и насилство.

-Пред граѓаните во моментов има два концепти. Едниот е концепт посветен на демократија, поголеми плати, поголеми пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, слобода да секој си го каже мислењето, концепт на европска Македонија.  Вториот концепт е концептот на изолација, страв, насилство, концепт во кој работникот е неважен, продаван низ светот како евтина работна сила, концепт на фрлени пари за споменици, стиропор што ден денес се распаѓаат, жални врби и криминал, рече Ковачевски.

Оваа разлика беше јасна и видлива и досега, но минатата недела можевме со конкретни примери да се потсетиме што значи ВМРО на власт и што значи режим, додаде тој.

-Ние две години работиме и обезбедуваме поголеми плати и пензии, тие после две години блокади, за неполни 3 недели колку што имаат министри во техничката Влада, го покажаа вистинско лице, нема никаква промена.  Што значи кога вработени во МВР тепаат свои колеги само затоа што си ја извршувале својата работа. Што значи кога член на обезбедување на нивниот прв човек ги тепа своите колеги, овие не смеат ни да пријават дека се тепани. Два дена не смее да направи внатрешна контрола извештај таму. Е тоа е најголемиот потсетник на 2006 година. Ама една работа забораваат, СДСМ е прогресивна партија, СДСМ не е партија на капиталот, СДСМ е партија на трудот. СДСМ е левицата на оваа држава. СДСМ е центарот на оваа држава. СДСМ се синдикатите, работниците, СДСМ се граѓаните, СДСМ се пензионерите и студентите. Истите тие кои до 2016 година беа малтретирани и тепани по плоштадите и библиотеките, сите тие се СДСМ. И не постои капитал, не постојат пари кои можат да ја победат таа волја за напредна и просперитетна држава која што само со нас може да ја имаат граѓаните. Веднаш гледаат граѓаните, изјави дека ќе било хорор, закани, тепачки по автобуси, истепан полицаец.  Нема никаква разлика меѓу она ВМРО со Груевски и ова сега со Мицкоски. Тоа е иста матрица, истите техники, истите криминални структури, само се различни луѓето што ги спроведуваат.  Затоа, никогаш повеќе режим“ прача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ковачевски: Успеавме да ја зголемиме просечната плата на 630 евра, платите ќе продолжат да растат со СДСМ

Јас знам дека многу работи можеа и подобро да се направат или подобро да се завршат, никој никогаш не бил совршен кога седел на која било одлучувачка позиција, и мора да се признаат грешките. Но мора и да се покажат фактите дека за  овие 7 години државата од заробена држава стана демократска држава, членка на НАТО, отпочна преговори со ЕУ и има економски резултати а сите полиња од она што го имаше претходната Влада на ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска на отворање на промотивен Штаб на СДСМ во Кисела Вода.

Нашите економски резултати се факт. И затоа тие не ги коментираат. И затоа секогаш кажувам дека треба да сме горди на она што го постигнавме, затоа што со напорна работа секкогаш следуваат вистински резултати и не постои недостижна цел, додаде тој.

-Факт е дека изборното ветување од 500 евра до 2024 година го надминавме. Просечна плата денеска, во време на СДСМ изнесува 630 евра. Просечната плата во време на ДПМНЕ изнесуваше 360 евра. Цели 270 евра повеќе во семејниот буџет. Да нема дилема, платите ќе продолжат да растат со СДСМ. И тоа ќе го покаже и новата програма, ќе биде покажано како во наредните години ќе расте и просечната и минималната плата, рече Ковачевски.  

Факт е и дека минимална плата денеска, во време на СДСМ е далеку поголема од тоа што беше во 2016 година, потенцираше Ковачевски додавајќи дека „Во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари за да денес имаме зголемена на 23.000 денари односно за 120% поголема минимална плата“.

-Затоа што застанавме на страна на работнивите, синдикатите и системски го решивме ова прашање еднаш засекогаш. Да не зависи никој од избори ниту од нечија политичка волја, дециден беше Ковачевски.

Зборувајќи за пензиите Ковачевски посочи дека  просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година а минималната пензија денес е за речиси 50% повисока во однос на она што беше во 2016 година.

-Факт е и дека и со зголемени плати и со зголемена минимална плата и со зголемени инвестиции кај нашите компании невработеноста изнесува под 13%, од фамозните 25% невработеност во време на ДПМНЕ. Тоа е историски најмало ниво на невработеност во државата. И не мора никој да не фали, јас ги гледам луѓето кога одат на работа и ги гледам и билбордите дека се бара работник повеќе тоа за тоа што најголлемиот дел од нашите сограѓани се веќе вработени. Граѓаните највеќе сведочат за тоа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан