• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски: За предлогот да биде прифатлив за нас клучни се чиста формулација за јазикот и јасна заштита на македонскиот идентитет

Ковачевски: За предлогот да биде прифатлив за нас клучни се чиста формулација за јазикот и јасна заштита на македонскиот идентитет
Скопје, 22 јуни 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски на својата Фејсбук страница уште еднаш потврди дека Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки, како и оти секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија. - Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи - чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка, наведува Ковачевски на Фејсбук. Премиерот наведува дека преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот. - Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија, нагласува премиерот, додавајќи дека секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија. нд/аа/

Остани поврзан