• сабота, 21 декември 2024

Коалицијата на премиерот Моди освои 294 мандати од 543 места во новиот индиски Парламент

Коалицијата на премиерот Моди освои 294 мандати од 543 места во новиот индиски Парламент

Њу Делхи, 4 јуни 2024 (МИА) - Коалицијата на Националната демократска алијанса (НДА) предводена од индискиот премиер Нарендра Моди, според прелиминарните резултати, освои 294 места во парламентот од вкупно 543 пратенички места.

Гардијан наведува дека според првичните резултати, опозициската коалиција ИНДИЈА освои 222 места во новиот состав на индискиот Парламент.

Индискиот премиер за време на кампањата постави цел од 400 мандати. На претходните избори во 2019 година, НДА освои 352 места, а ИНДИЈА освои 94 места.

На парламентарните избори во Индија, кои почнаа на 19 април и се одржаа во седум фази, право на глас имаа околу 970 милиони гласачи.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан