• четврток, 21 ноември 2024

Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино

Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) До Управниот суд вечерва е пристигната тужба од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино, потврдуваат за МИА од Управниот суд.

Управниот суд треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

ДИК вчера на седница не го прифати приговорот од „Европскиот фронт“ за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.  

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Во Собранието денеска се одржа конститутивна седница, на која беа верифицирани мандатите на 118 пратеници. аа/мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан