• вторник, 19 ноември 2024

Кнежевиќ: Подготвени сме да формираме влада со мнозинството од 2020 година

Кнежевиќ:  Подготвени сме да формираме влада со мнозинството од 2020 година

Подгорица, 11 јуни 2023 (МИА) - Носителот на листата „За иднината на Црна Гора“, Милан Кнежевиќ, вечерва изјави дека оваа коалиција е подготвена да формира влада со мнозинство од 2020 година и дека ДПС и нејзините коалициски партнери не ја гледаат како никаква опција за формирање влада.

Тој објасни дека тоа имплицира дека без коалицијата „За иднината на Црна Гора“ не може да се формира Влада, пишува Вијести.

-Претходните искуства од 2020 година ни кажуваат дека е неопходна стабилна влада. Подготвени сме да формираме Влада со сите субјекти кои го формираа парламентарното мнозинство по 30 август 2020 година. Демократската партија на социјалистите и нејзините коалициски партнери не ги гледаме како каква било опција за формирање Влада, рече Кнежевиќ.

Според 100 отсто од досега обработените примероци, проекцијата на ЦДТ е дека ПЕС има поддршка од 26 отсто од гласовите, коалицијата Заедно, собрани околу ДПС, има 23 отсто, листата за иднината на Црна Гора 15,1 отсто од гласовите, а листата на демократите и Ура 13 отсто од гласовите. сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан