• недела, 22 декември 2024

Клеман Бон: ЕУ не треба да биде исклучена од преговорите за Украина

Клеман Бон: ЕУ не треба да биде исклучена од преговорите за Украина
Париз, 9 јануари 2022 (МИА) -  Европската унија не треба да биде исклучена од преговорите за Украина, изјави денеска францускиот министер за европски прашања Клеман Бон. Неговата изјава е дадена ден пред средбата на американските и руските дипломати во Женева, по неколкунеделните тензии околу распоредувањето на руски војници. „Европејците не треба да отсуствуваат од преговарачката маса“, изјави Бон за телевизијата CNEWS. Шефот на француската дипломатија во петокот изјави дека Москва се обидува да ја заобиколи Европската унија преговарајќи директно со Вашингтон за Украина. Тој исто така рече дека европските министри за надворешни работи ќе разговараат за можните мерки оваа недела за да одговорат на задушувањето на антивладините протести во Казахстан од минатата недела. „Тие ќе разговараат за мерките што Европа може да ги преземе за да испрати порака: дека не можете да ги скршите луѓето, демонстрантите, кои протестираат против трошоците за живот“, изјави Бон за CNEWS. зш/

Остани поврзан