• понеделник, 19 јануари 2026

Кларинетистот Благој Ламњов одржа целовечерен концерт во родниот Велес

Кларинетистот Благој Ламњов одржа целовечерен концерт во родниот Велес

Велес,18 јануари 2026 (МИА) – Македонскиот кларинетист, велешанецот Благој Ламњов кој живее и работи во Шведска синоќа во салата на Хотел „Романтик“ кај велешко езеро „Младост“ одржа целовечерен концерт во пијано придружба на Бојан Димитровски  од Битола.Тој настапи со песни од македонската фолклорна музика и велешката чалгија споени и преработени од него во класичната музика содржани во неговите два албуми „Nostlgic Love“ 1 и 2.Ламњов на концертот настапи со преаранжирани во класична музика од него познатите велешки и македонски песни „Се посврши Сербес Донка“ ,„Мајка на Марика“ „Јовано Јованке“ како и  „Не си го продавај Кољо чифликот“, која песна треба да се најде на наговиот трет албум што е во подготовка. Ламњов настапи со македонски песни испеани од Тоше Проески, „Леб и Сол“.

Со неколку македонски песни и евергрини  во придружба на Благој Ламњов на концертт настапија и познатите велешки и македонски пеачки:  Сандра Јорданова од групата „Д Чикс“ и Стефани Алчева.

За изведбата сите добија долг и силен аплауз и овации  од бројната публика.

Благој Ламњов во изјавата за медиумите по концертот со видна насмевка на лицето потенцира  дека е многу задоволен и среќен од реакциите на публиката на овој концерт.Тој  е негов трет концерт од малата серија од три настапи  пред домашната велешка публика, од кои првиот беше во ноември, вториот во декември и еве сега третиот - последен во јануари.

- Мене ми е многу лесно само да свирам, но јас пред секоја песна зборувам и ја појаснувам нејината пораката Така од познатата велешка песна  „Се посврши Сербес Донка“ јас во својот говор пред изведбата пред пубиката  ја спомнав храброста на  Србес Донка која им рекла Не’ своите родители,  јас не се мажам за тој што вие ми го одбравте туку за Миле Китка.Таа е песно но и вистинска случка која инспирира многу нови генерации од нејзиниот активизам.Затоа јас кога свирам претходно на публиката сето тоа и го споделувам за да дознае нешто повеќе со историјата - вистинската приказна на дадена позната македонска песна,потенцира  Љамњов.

Воедно информира дека веќе работи на својот трет албум во кој  оди во истот правец но планира да го смени тонот да  има рокерски инструменти како тапани, да има поинакви побрзи аранжмани.Тој потсети дека првиот албум  го сними со музичари швеѓани а, вториот албум  го сними сам и сам ги свири сите инструменти.  

Ламњов потенцира дека сите музичари и активисти се многу важни за општеството , но тие  самите не можат без публиката и затоа треба да ги подржиме.

- Ние сме како едно цвеќе што треба да се наводнува за да расте. Затоа подржувајте ги сите што влијаат позитивно врз општеството  и секој  што е некаков активист,затоа што  тој  се бори за вас. Затоа кога ќе видите луѓе со активистички  инстикт  или уметници,знајте дека  тој е важен и  за вас.Затоа  купите го неговиот албум, купите карта иако некогаш можеби и  не можете да дојдете  на негов концерт,но сепак купете карта и  со тоа подржете го. Ние сме си потребни еден за друг, порача Ламњов.

Инаку неговиот последен концерт во Македонија  пред враќање во Шведска го закажа на 27 јануари во Штип каде учел во средното музичко училиште.

Во  Велес најави дека можеби со следен концерт ќе настапи оваа есен со два концерти во Театарот, или пак следната 2027 година. ад/лв/

фото: МИА 

Остани поврзан