• понеделник, 23 декември 2024

Китански ги продолжува средбите со граѓаните на Пехчево пред вториот круг од Локалните избори

Китански ги продолжува средбите со граѓаните на Пехчево пред вториот круг од Локалните избори
Пехчево, 24 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Пехчево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Создади нова иднина“ Александар Китански продолжува со средбите со граѓаните во пресрет на вториот круг од Локалните избори 2021. Тој рече дека местото на идниот градоначалник е токму меѓу народот, не само сега туку, и во иднина. -Продолжуваме онаму каде што застанавме пред неколку дена, помеѓу моите сограѓани. Тука е местото на идниот градоначалник, заедно со народот, сега, и уште повеќе во иднина. Треба да се слушне гласот на секој поединец за да можеме заедно да му помогнеме на нашето Пехчево да се развива.  Сите напластени проблеми кои останале нерешени изминатите години, а ги има многу, внимателно ги анализирам и ги земам во предвид, рече Китански. Посочи дека граѓаните се тие кои ги даваат  идеите, кои за него како кандидат за градоначалник се предизвик и желба за докажување. -За да можеме да го реализираме ветеното потребни се промени. Промените веќе се случуваат насекаде во државата. Власта е разобличена и очајно моли за спас. Време е неработењето да го замениме со работа, безидејноста да се претвори во реализација на Вашите идеи, додаде кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Порача граѓаните на Пехчево да изберат градоначалник кој ќе ги  донесе новите промени и ќе ја отвори новата светла страница на Општина Пехчево. вс/аа/

Остани поврзан