• понеделник, 23 декември 2024

Кисела Вода: По 30 години реконструкција на улици во село Драчево

Кисела Вода: По 30 години реконструкција на улици во село Драчево

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности во селото Драчево. Таму, во напредна фаза е реконструкцијата на повеќе улици кои се видно оштетени и на ваков реконструктивен зафат чекале повеќе од 30 години. Се работи на улиците “Солунска Глава”, “Тошевска”, “Шиндаровска” и крак од “Илија Ристевски”, потег со површина од околу 5000 квадратни метри, информираат од Општина Кисела Вода. 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакнал дека Општината продолжува со обнова на патната инфраструктура, со која, како што ветил, ќе бидат опфатени сите населби и населни места.

-Денеска сме во селото Драчево. На оваа локација, на површина од околу 5.000 квадратни метри вршиме реконструкција на неколку сообраќајници, за кои три децении жителите до локалната власт пријавувале потреба од санација, од реконструкција, но за жал тоа досега не се случило. Задоволен сум од динамиката на работа и можам да кажам дека за десетина дена ќе финализираме со реконструкцијата на улиците “Солунска Глава”, “Тошевска”, “Шиндаровска” и кракот од “Илија Ристевски”. Сите наши жители заслужуваат достоинствени услови за живот и ние продолжуваме интензивно да работиме и да го менуваме на подобро ликот на општина Кисела Вода, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. сст/цр/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан