Кирби: САД се внимателно оптимистични за прекин на огнот во Појасот Газа
- Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД се „внимателно оптимистични“ за преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа
![Кирби: САД се внимателно оптимистични за прекин на огнот во Појасот Газа](https://new.mia.mk/images/20240711091523_big_730x400_23.webp )
Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) – Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД се „внимателно оптимистични“ за преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.
- Ние сме внимателни оптимисти дека работите одат во вистинската насока. Сè уште има празнини меѓу двете страни (Израел и Хамас), но веруваме дека тие можат да се намалат, посочи Кирби.
Тој додаде дека претставникот на Белата куќа за Блискиот Исток, Брет Мекгурк и директорот на ЦИА, Бил Барнс се обидува да ги намалат разликите помеѓу Израел и Хамас. ми/
фото: ЕПА