Кин пуштен од болница
- Напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина, Мојсе Кин, кој колабираше на теренот во неделата откако доби удар во главата за време на натпреварот од Серија А против Верона, е пуштен од болница објави денеска неговиот клуб.

Фиренца, 24 февруари 2025 (МИА) – Напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина, Мојсе Кин, кој колабираше на теренот во неделата откако доби удар во главата за време на натпреварот од Серија А против Верона, е пуштен од болница објави денеска неговиот клуб.
Кин ја повреди аркадата при дуел за топка со Павел Давидович кој го удри со колено во лицето. Лекарите му пружија помош на 24-годишниот напаѓач на Фиорентина, по што Кин се врати во игра. Но, тој одеднаш загуби рамнотежа и падна на тревата, а играчите од двата тима повикаа лекари кои втрчаа на теренот.
Вториот најдобар стрелец во Серија А оваа сезона со 15 голови беше изнесен од теренот на носилки и итно пренесен во болница во Верона.
„Фиорентина може да потврди дека Мојсе Кин е отпуштен од болницата во Верона во текот на ноќта и се врати во Фиренца. Сите медицински и дијагностички тестови дадоа негативни резултати“, се вели во соопштението на италијанскиот клуб. ег