• вторник, 10 септември 2024

Кин: Истите стари проблеми за Манчестер Јунајтед

Кин: Истите стари проблеми за Манчестер Јунајтед

Манчестер, 2 септември 2024 (МИА) - Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, во типичен стил, беше особено критичен по тешкиот пораз на неговиот поранешен тим во големото дерби во Премиер лигата против Ливерпул. 

„Црвените“ победија со 3:0 на „Олд Трафорд“ и не оставија дилеми дека се подобриот тим на теренот.

-Истите стари проблеми, Јунајтед повторно беше премногу отворен. Статистиката не ја кажува вистинската приказна, овој натпревар беше далеку од изедначен. Ливерпул беше многу ефикасен, изгледаше многу подобро и во добра форма. Јунајтед беше шокантен. Апсолутно шокантен. Секогаш кога Ливерпул одеше напред, изгледаше како да ќе даде гол. Имаше две грешки од искусен играч како Касемиро и уште една на стартот на вториот дел, што не беше добро. Во голем натпревар како овој, Манчестер Јунајтед воопшто не беше на теренот. Тешко е да се поверува дека меч од ваков калибар е завршен по само еден час, изјави легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“. 

Кин, кој моментално работи како коментатор, во 1999 година го предводеше тимот до освојување на тројната круна. дс

Фото: Архива

Остани поврзан