• сабота, 23 ноември 2024

Кинеско МНР: Хамас и Фатах во Пекинг договорија продолжување на дијалогот за помирување

Кинеско МНР: Хамас и Фатах во Пекинг договорија продолжување на дијалогот за помирување

Пекинг, 30 април 2024 (МИА) - Ривалските палестински групи Хамас и Фатах покажаа политичка волја да ги продолжат преговорите за помирување во екот на војната во Газа, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Преговорите се водеа во Пекинг.

Двете фракции не успеаја да ги решат политичките спорови откако борците на Хамас го протераа Фатах од Појасот Газа во кратката војна во 2007 година, јавија светските агенции..

„Тие се согласија да продолжат со преговорите за да се постигне палестинска солидарност и единство што е можно поскоро“, изјави портпаролот на кинеското министерство Лин Џијан за новинарите на редовниот брифинг.

Лин додаде дека двете страни му се заблагодариле на Пекинг за неговите напори за „промовирање на палестинското внатрешното единство и постигнале договор за продолжување на дијалогот“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан