• петок, 22 ноември 2024

Кина: Резултатите од изборите во Тајван нема да ја променат тенденцијата во односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец

Кина: Резултатите од изборите во Тајван нема да ја променат тенденцијата во односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец

Пекинг, 13 јануари 2024 (МИА) - Кинеската канцеларија за прашања на Тајван денеска соопшти дека победата на кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија во Тајван, Вилијам Лаи на изборите во Тајван нема суштински да ги промени односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец.

Во изјавата објавена од кинеската државна новинска агенција, Чен Бингхуа, портпарол на Државниот совет за прашања на Тајван, рече дека резултатите покажале дека Демократската прогресивна партија не може да го претставува преовладувачкото јавно мислење на островот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан