• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кина нуди награда за апсење агенти на НСА осомничени за сајбер напади за време на Зимските азиски игри

Кина нуди награда за апсење агенти на НСА осомничени за сајбер напади за време на Зимските азиски игри

Пекинг, 15 април 2025 (МИА) - Кинеските власти денеска објавија дека нудат парични награди за апсењето на тројца наводни тајни агенти на американската Агенција за национална безбедност (НСА), осомничени дека извршиле сајбер напади за време на Зимските азиски игри во февруари оваа година.

НСА, една од главните разузнавачки агенции во САД, е специјализирана за прислушување и сајбер шпионажа.

Полицијата во Харбин, на североистокот на Кина, денеска објави дека издала налози за претрес на тројца „тајни агенти“ на НСА.

Трите лица, идентификувани како Кетрин А. Вилсон, Роберт Џ. Снелинг и Стивен В. Џонсон, беа обвинети за сајбер напади за време на Зимските азиски игри одржани во февруари во Харбин.

Кинеските власти на почетокот на април објавија дека забележале повеќе од 270.000 странски сајбер напади врз системите на спортскиот настан.

Оттогаш, истрагата „откри дека сајбер нападите на американската НСА првенствено биле насочени кон критичните компјутерски системи“ на Зимските азиски игри, поврзани со регистрацијата, пристигнувањето, управувањето со заминувањата и влегувањето во натпреварувањето, ојави кинеска новинска агенција.

Полицијата во Харбин соопшти дека нуди „награда“ за секој што ќе обезбеди „корисни информации“ или „помага да се фатат осомничените“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан