• петок, 22 ноември 2024

Кина и САД се обврза да ја зајакнат соработката за климата

Кина и САД се обврза да ја зајакнат соработката за климата
Глазгов, 10 ноември 2021 (МИА) - Кина и САД на Конференцијата на ОН за климата во Глазгов ветија дека ќе ја интензивираат соработката за ограничување на климатските промени. Кинескиот претставник за климата, Сие Женхуа изјави дека Кина и САД, двата најголеми емитери на јаглерод, ќе ги соопштат своите намери во заедничка изјава заснована на насоките од Парискиот договор за климатски промени. Тој додаде дека Договорот повикува на „конкретни и прагматични“ регулативи за намалување на употребата на јаглен, намалување на емисиите на метан и борба против уништувањето на шумите, истакна Си. - Двете страни признаваат дека постои јаз меѓу сегашните напори и Парискиот договор. Така заедно ќе ја зајакнеме акцијата и соработката за климата, истовремено почитувајќи ги нашите индивидуални национални ситуации, посочи Сие. ми/

Тагови

Остани поврзан