Ким најави пресврт во одбраната на Северна Кореја
- Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун на вчерашниот состанок со Централната воена комисија најави нов пресврт во одбранбениот сектор
Пјонгјанг, 12 јуни 2021 (МИА) - Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун на вчерашниот состанок со Централната воена комисија најави нов пресврт во одбранбениот сектор.
Како што јави севернокорејската новвинска агенција КЦНА, на состанокот е прогласена состојба на готовност поради нестабилната состојба на Корејскиот Полуостров, но не соопшти повеќе детали за планираните воени активности.
Ким на состанокот се осврнал на организациски прашања, отпуштања, трансфери и нови именувања на високи офицери, а беа разгледани и важни задачи со цел да се направи нов пресврт во целокупната работа на националниот одбранбен сектор.
Пленарниот состанок на Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Северна Кореја треба да се одржи во текот на месецот. ми/