• петок, 22 ноември 2024

Киелини: Тоти требаше да ја добие Златната топка, Шевченко и Овен не се подобри од Франческо

Киелини: Тоти требаше да ја добие Златната топка, Шевченко и Овен не се подобри од Франческо
Рим, 28 јуни 2020 (МИА) – Капитенот на Јувентус, Џорџио Киелини изрази мислење дека поранешниот играч од средниот ред на Рома, Франческо Тоти заслужил да ја добие наградата „Златна топка“. - Играв со Франческо Тоти, но скоро секогаш бевме ривали. Го видов на неколку натпревари на италијанскиот национален тим пред СП 2006 година, но потоа престана да игра за репрезентацијата. Франческо беше навистина грандиозен. Штета е што не играше на други турнири, но ова е во извесна смисла романтично - тој целиот живот го посвети на Рома. Тоти победи многу помалку отколку што можеше. Тој требаше да стане сопственик на „Златната топка“. Франческо навистина можеше да ја добие оваа награда пред хегемонијата на двајца вонземјани - Роналдо и Меси. Овој трофеј го добија Овен и Шевченко, кои беа величествени, но не и подобри од Тоти, напиша Киелини во својата автобиографија. Тоти играше за Рома од 1992 до 2017 година. Вкупно, играчот од средниот ред мина повеќе од 600 натпревари за римскиот клуб. зс/

Остани поврзан