• недела, 19 мај 2024

Киев ќе ги провери информациите за наводната смрт на началникот на руската Црноморска флота

Киев ќе ги провери информациите за наводната смрт на началникот на руската Црноморска флота

Киев, 26 септември 2023 (МИА) - Украинската војска соопшти дека ќе го разгледа сопствениот извештај за наводната смрт на командантот на руската Црноморска флота Виктор Соколов, откако денеска се појавија негови слики.

Украинската војска вчера објави дека го убила Соколов за време на нападот врз седиштето на Црноморската флота во Севастопол во петокот. Но, денеска, Москва претстави слики кои наводно го прикажуваат Соколов на состанокот со кој претседаваше министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Сликите не можеа да се потврдат дека се од денеска.

-Бидејќи Москва објави слики „со навидум жив Соколов, нашите единици повторно ќе ја проверат информацијата“, соопшти единицата за специјални сили при украинското Министерство за одбрана.

Киев соопшти дека 34 руски офицери биле убиени во нападот со крстаречка ракета во петокот. Многу од нив се уште не се идентификувани, но воени извори првично потврдија дека меѓу жртвите е и Соколов. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан