• понеделник, 04 ноември 2024

Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони

Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони

Киев, 27 април 2024 (МИА) - Руските вооружени сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во три украински региони, соопшти украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Нападнати се објекти во областите Дњепропетровск, Ивано-Франковск и Лавов.

Халушченко информираше дека во нападот е оштетена енергетската опрема, а најмалку еден работник е повреден.

Тој на својот канал во апликацијата „Телеграм“ напиша дека сега се откстрануваат последиците од нападот. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан