Кејн го постигна 200. гол за Тотенхем
- Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн постигна јубилеен гол на вечерашниот натпревар од Лига Европа против Лудогорец. Овој натпревар беше 300-ти за Кејн во дресот на „Спарс“, а погодокот 200-ти.
Разград, 5 ноември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн постигна јубилеен гол на вечерашниот натпревар од Лига Европа против Лудогорец. Овој натпревар беше 300-ти за Кејн во дресот на „Спарс“, а погодокот 200-ти.
Дваесет и седумгодишниот Кејн за првиот тим на Тотенхем игра од 2011 година.
Лондонскиот тим победи против бугарскиот претставник со 3:1.
По три кола Тотенхем има две победи и еден пораз во Ј-групата од Лига Европа. зс/