• недела, 22 декември 2024

Катар досега потроши околу 208 милијарди евра за Мундијалот 2022

Катар досега потроши околу 208 милијарди евра за Мундијалот 2022
Доха, 27 септември 2022 (МИА) - Катар потроши околу 208 милијарди евра за организација на Светското првенство во 2022 година. Оваа сума е 17 пати поголема од Мундијалот во Русија во 2018 година. Пред четири години Русија потроши околу 13 милијарди евра за организација на Светското првенство. Во 2014 година, Бразил потроши околу 17 милијарди евра, а во 2010 година Јужна Африка инвестираше приближно 4 милијарди евра. Директорката за комуникации на турнирот Фатма Ал Нуаими објасни како Катар ги потрошил парите. -Светското првенство е дел од националниот проект за развој на Катар до 2030 година. Ова е широка владина стратегија насочена кон интензивен развој на градовите, индустријата и различните капацитети низ државата, како и развој на образовниот и здравствениот систем. Сумата од околу 208 милијарди евра која често се поврзува со Светското првенство е всушност дел од оваа амбициозна стратегија за националниот развој и модернизација на Катар. Повеќето од големите инфраструктурни проекти од кои тимовите и навивачите ќе имаат корист во 2022 година, како што се нови патишта, метро, ​​аеродром, хотели и други туристички објекти, беа планирани уште пред да ни биде доделено правото да бидеме домаќини на Светското првенство, соопшти Ал Нуаими. Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра од 20 ноември до 18 декември. зс/

Остани поврзан