• недела, 30 јуни 2024

Касемиро одби да премине во Баерн

Касемиро одби да премине во Баерн

Рио де Жанеиро, 20 јуни 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Касемиро одби да се пресели во Баерн, објавија бразилски медиуми.

Според спортскиот портал „Тривела“, неодамна била испратена понуда до 32-годишниот Бразилец, но тој одговорил негативно.

Касемиро игра за Манчестер јунајтед од летото 2022 година. Минатата сезона одигра 32 натпревари за тимот од „Олд Трафорд“ во сите натпреварувања, на кои постигна пет гола и имаше три асистенции.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот од средниот ред на 20 милиони евра. Неговиот договор со Манчестер јунајтед е до летото 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан