• понеделник, 23 декември 2024

Касами: Развојот на планинскиот туризам е наш приоритет

Касами: Развојот на планинскиот туризам е наш приоритет
Тетово, 4 октомври 2021 (МИА) - За висорамнинските села имаме посебен проект, преку кој ќе го развиваме планинскиот туризам, бидејќи оваа област има доволно ресурси и потенцијал да се развие и да стане една од најголемите туристички области во регионот, порача претседателот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на општина Тетово, Билал Касами, кој вечерва ја претстави својата програма пред жителите на село Шипковица. Како иден градоначалник на Тетово, како што рече, има јасна визија и стратегија како да го трансформира Тетово во европска и модерна средина, секогаш зачувувајќи ја традицијата, културата и историското минато, бидејќи тие се неразделна вредност на Тетово. Неговата визија, појасни, е општина Тетово да биде заеднички дом за сите, обезбедувајќи квалитетни услуги, безбедна средина, здрава образовна инфраструктура за секој жител на Тетово.вј/цр

Остани поврзан