• понеделник, 23 декември 2024

Касами најави дополнителни контроли во Тетово поради континуираната појава на непријатна миризба на изгорен смет

Касами најави дополнителни контроли во Тетово поради континуираната појава на непријатна миризба на изгорен смет

Тетово, 12 јули 2023 (МИА) – И понатаму во делови од Тетово во вечерните часови се чувствува непријатна миризба на изгорен смет и запалена пластика. Граѓаните како и на крајот на јуни со дописи до нашата редакција посочуваат дека тешко се дише навечер во градот и бараат од општината да се најде решение.

Тетовчани се жалат дека поради ѓубрето што го палат секоја вечер не се отвора прозорец. бараат некој да преземе одговорност. Посочуваат дека секоја ноќ во интервал 22:00 до 24:00 часот и во рани утрински часови околу 05:00 и 06:00 часот се чувствува страшно неподнослив мирис на изгорена пластика или отпад, поточно на мирисот ист кога имаше пожар во фабриката во западниот дел од градот кон Скопје. 

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами изјави дека ќе побара од службите дополнителни контроли за да се најде причината.

-Според досегашните информации нема такво нешто во претоварната станица. Ако се работи за градот, за несовесни граѓани, ќе треба да проверам во инспекцијата дали има официјално барање за да се интервенира. Ако има такви ситуации ќе направиме дополнителни контроли за да видиме дали се работи за несовесност на граѓаните и да интервенираме, истакна Касами од Фалише каде имаше пуштање во употреба на нова пумпна станица.

МИА на 29 јуни објави информација за истата состојба. Тогаш од Територијалната противпожарна единица Тетово истакнаа дека неколку дена претходно имале една интервенција на пожар каде гореле пластични материјали на потегот од Тетово кон Требош на една локација.ас/фф/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан