• петок, 22 ноември 2024

Кармело Ентони за завршување на кариерата без прстен: Победив во 2003 година кога се ракував со Дејвид Штерн на драфт сцената

Кармело Ентони за завршување на кариерата без прстен: Победив во 2003 година кога се ракував со Дејвид Штерн на драфт сцената

Лос Анџелес, 24 мај 2023 (МИА) – Десеткратниот „Ол-стар“ учесник Кармело Ентони не жали што ја заврши кариерата без шампионски прстен.

 

- Се помирив. Оваа идеја дека си губитник ако не освоиш првенство веќе не ми пречи. Се сметам за победник. Победив во 2003 година кога се ракував со Дејвид Стерн на драфт сцената. Излегов од Ред Хук. Сум победил во животот. Прстенот е единственото нешто што не го добив. Тоа би било големо достигнување, но не жалам затоа што направив сè што можев, изјави Ентони.

 

Најголем дел од кариерата Кармело Ентони помина во Денвер и Њујорк. Играше уште и за Оклахома, Хјустон, Портланд и Лос Анџелес лејкерс.

 

Ентони на 29 мај ќе наполни 39 години. Во НБА-лигата играше 19 сезони, 1.260 натпревари со просек 22,5 поена и 6,2 скока. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан