• понеделник, 23 декември 2024

Карванот „Рамо до рамо“ на СДСМ во Брегалничкиот регион: Европската иднина е новата државна и национална победа

Карванот „Рамо до рамо“ на СДСМ во Брегалничкиот регион: Европската иднина е новата државна и национална победа

Скопје, 29 април 2023 - Политиките на СДСМ, економскиот социјалдемократски модел и јакнењето меѓународната позиција на земјава, донесоа најголеми досега, рекордни странски инвестиции од 753 милиони евра во кризна година, нови и добро платени работни места, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на маалска средба во Кочани во рамки на теренските активности на партијата „Рамо до рамо, до победа“.  

- Имаме рекорден износ на странски директни инвестиции во услови на криза, бидејќи имавме економска и енергетска криза најголема по Втората светска војна. Со нашиот социјалдемократски економски и меѓународни политики само во една година успеавме да донесеме 753 милиони евра, директни странски инвестиции. Нашите странски директни инвестиции се на највисоко ниво и тие се два пати поголеми во однос на 2016 година.  Она што особено охрабрува е што инвеститорите коишто доаѓаа во земјава остануваат и го прошируваат својот бизнис. Таков е примерот и во Кочани, „Амфенол технлоџи“ гради нова фабрика на 3.500 квадратни метри, каде ќе се вработат уште стотина луѓе од овој град и од овој крај, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека СДСМ го цениме и вреднува трудот на работниците, додека ВМРО-ДПМНЕ ги сметаше за евтина работна рака и затоа минималната плата во тоа време беше едвај 9.000 денари, а сега е околу 20.000 денари. 

- Со СДСМ минималната плата изнесува 20.000 денари а просечната над 34.000 денари, додаде Лукаревска.

Членката на Извршниот одбор, Ивона Кузмановиќ се осврна на земјоделските политики на СДСМ и поддршката за земјоделците, порачувајќи дека откупната цена на оризот е драстично зголемена, а реализирана е и исплата на дополнителната мерка од три денари за килограм предадена арпа. 

- Во февруари беа исплатени сите субвенции за поледелство, вклучително и за оризопроизводство, во износ од 60 милиони евра, што е резултат на најголемиот износ на буџетот за земјоделството досега. За првпат годинава сите земјоделци ќе добијат и 30 отсто авансна исплата, како дел од новиот модел за поддршка, истакна Кузмановиќ.

Во Општина Берово во рамки на караванот „Рамо до рамо до победа“, денеска беа Оливер Спасовски и членката на ИО на СДСМ, Мелиса Ценовска Серафимовска. 

Спасовски порача дека за СДСМ граѓаните и унапредувањето на нивниот животен стандард се врвни приоритети и тоа го покажува секојдневно на дело.

- Ги зголемивме платите и пензиите, а за дополнително да го заштитиме стандардот на граѓаните, ги намаливме и замрзнавме цените на основните прехранбени продукти. Благодарение на успешните економски политики, денес невработеноста е намалена за осум отсто, во нашата држава се реализираат рекордни странски инвестиции и сето тоа е показател дека оваа, 2023 година е година на економски пресврт, порача Спасовски во Берово.

Во Пехчево, пак, меѓу граѓаните беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски, кои пред присутните истакнаа дека СДСМ како одговорна партија вложува во секоја општина, во секое населено место, за да се унапреди квалитетот на живот на сите граѓани. 

Во рамки на Карванот „Рамо до рамо до победа“, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски беше на маалска средба во Штип, од каде што порача дека како народ и како држава мора да опстоиме на европскиот пат, затоа што тој е најдобар за опстанок и напредок на нашата земја.

- Не е тоа само гола вистина. Не е само да дојдеме до Европа. Ние сме живееле и во други услови, знаеме и за братство и единство и за почитување меѓу себе и меѓу конфенсионално, знаеме и за стандарди. Многу е важно да успееме да ги отвориме европските фондови, да ги задржиме младите луѓе овде, да имаме за кого да работиме. А она што е многу важно, да ги донесеме европските стандарди на живеење тука во европска Македонија. Мора да останеме на стартешкиот пат за опстанок на македонскиот народ. Затоа сме рамо до рамо со народот до победа, европската иднина е новата државна и национална победа. Рамо до рамо e европска приказна за сите нас, додаде Зечевиќ.

Зечевиќ додаде дека добро е што ВМРО-ДПМНЕ го копира и го следи СДСМ и тргна на терен, бидејќи, како што рече, се надева дека ќе научат и ќе разберат дека и тие ја имаат одговорноста за иднината на земјата.

- Ме радува што ВМРО-ДПМНЕ не копира, не следи. Ако се сеќавате на почетокот, ние го најавивме ова уште во декември лани. Сега гледам сега Мицкоски ги собра неговите другарчиња, се сликаа и најавија дека ќе одат на терен. Го поздравувам  тоа и добро е да имаат од кого да учат. Се надевам дека тоа ќе им помогне и во нивниот напредок. Одредени работи малку да им дојдат во главата. Колку ние ја носиме одговорноста толку ја носат и тие и мора да застанат на вистинската страна еднаш. Да оставиме простор за идните генерации да уживаат во оваа прекрасна убавина којашто ја имаме, рече Зечевиќ.

Тој нагласи дека како држава и како народ, мора да бидеме на мапата рамноправни европски држави, рамо до рамо со европските државотворни народи.

Претседателот на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Митко Трајчулески пред штипјани потенцираше неколку важни инвестиции во патната инфраструктура што ги презеде Владата, а се особено значајни за центарот на македонскиот исток.

- Речиси и да нема патен правец којшто не е обновена во источниот регион благодарение на развојните политики на СДСМ. Автопатот Штип-Скопје го довршивме, го направивме експресниот пат Штип-Радовиш вреден 64 милиони евра, патот од Три круши до Штип, клучката на влезот од градот, транзитниот правец, експресниот пат Штип-Крупиште вреден 20 милиони евра, експресниот пат од Крупиште до Кочани, но и многу улици во самиот град. Европска Македонија се гради и се поврзува благодарение на СДСМ. Модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите но и за новите инвеститори, рече Трајчулески.

Во Делчево на средби со граѓани беа Славица Грковска и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, кои порачаа дека СДММ и СДСМ заеднички реализираат мерки во интерес на младите. 

- Воведовме субвенциониран студентски оброк за сите студенти, што сега е со зголемен износ, обезбедивме 10.000 и 20.000 евра грантови за младите земјоделци, а оние млади до 23 години возраст кои работат во производство добиваат дополнителен додаток на плата од 3.000 денари. Правиме се за младите да останат овде и овде да ја градат својата иднина, порача Михаилоски.

Како дел од караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“меѓу граѓаните на Карбинци беа Благица Павловска и членот на Комисијата за земјоделство на СДСМ, Гоце Георгиевски. 

Георгиевски пред присутните посочи дека Владата на СДСМ како никоја претходно вложува во сите гранки на земјоделството и покажува вистинска грижа за сите земјоделци, истакнувајќи дека првпат од оваа година започнува авансна исплата на субвенциите кон земјоделците. сп/

Фото: СДСМ

Остани поврзан