• четврток, 04 јули 2024

Канада по 28. пат светски шампион во хокеј на мраз

Канада по 28. пат светски шампион во хокеј на мраз

Тампере, 29 мај 2023 (МИА) – Репрезентацијата на Канада постави нов рекорд на светските првенства во хокеј, престигнувајќи ја Русија/СССР (27 златни медали).

 

Канаѓаните синоќа во Тампере го освоија 28. шампионски трофеј на Мундеијалите. Тие во Тампере, Финска во финалето ја победија Германија со 5:2.

 

Во натпреварот за 3.место, ко-домаќинот на Светското првенство 2023, репрезентацијата на Летонија ги совлада САД со 4:3 по продолжение. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан