• понеделник, 23 декември 2024

Канада и официјално го прогласи Чарлс Трети за свој крал

Канада и официјално го прогласи Чарлс Трети за свој крал
Отава, 10 септември 2022 (МИА) – Канада денеска го прогласи Чарлс Трети за свој крал на свечена церемонија одржана во резиденцијата на генералната гувернерка во Отава, која како претставник на монархот во Канада во име на круната извршува должност шеф на државата. По смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета, Чарлс автоматски стана крал на Обединетото Кралство и формален шеф на 14 други земји, вклучувајќи ја и Канада, која прогласи десетдневна жалост за смртта на кралицата. Канада од 1867 година не е британска колонија, до 1982 година беше дел од Британското Кралство, а потоа остана членка на Комонвелтот, земјите од поранешната империја кои на чело на државата го имаат британскиот монарх. јт/

Остани поврзан