• петок, 22 ноември 2024

Камбекот на австриската репрезентација од 1:6 против Канада е најголем во историјата на Светските првенства во хокеј

Камбекот на австриската репрезентација од 1:6 против Канада е најголем во историјата на Светските првенства во хокеј

Прага, 15 мај 2024 (МИА) – На Светското хокеарско првенство синоќа во Прага се одигра натпревар од групата А помеѓу селекциите на Австрија и Канада. Победија Канаѓаните со резултат 7:6 по продолжение.

Во третиот период австрискиот тимкој губеше со 1:6 постигна пет гола во низа и го однесе натпреварот во продолжение. Според прес-службата на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF), овој камбек е најголем во историјата на Светските првенства.

Во продолжението, канадската репрезентација победи благодарение на прецизниот удар на Џон Таварес.

Следниот натпревар Канада за противник ќе ја има Норвешка, а Австрија ќе игра против Финска. зс/

Фото: Фејсбук „Österreichische Eishockeyverband“

Остани поврзан