• понеделник, 01 јули 2024

Камавинга се повлече од репрезентацијата на Франција поради повреда на коленото

Камавинга се повлече од репрезентацијата на Франција поради повреда на коленото

Париз, 16 ноември 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга ја напушти француската репрезентација, објави ТВ „El Chiringuito“.

Медицинскиот штаб на националниот тим ја донел оваа одлука по медицинските прегледи и согледувањето на состојбата на коленото на 21-годишниот Французин.

Камавинга се повреди на тренингот во средата, откако се судри со напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле. Играчот предвреме го напушти тренингот, но рече дека коленото му е добро.

Франција в сабота ќе го пречека Гибралтар во квалификациите за Европското првенство 2024. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан