• сабота, 06 јули 2024

Камавинга избегна сериозна повреда, ќе може да игра со Манчестер сити

Камавинга избегна сериозна повреда, ќе може да игра со Манчестер сити

Мадрид, 14 мај 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга избегна сериозна повреда на коленото и веројатно ќе учествува во реванш полуфиналето против Манчестер сити.

 

Дваесетодишниот Французин заработи повреда на левото колено во саботата на натпреварот од 35. коло на Ла Лига со Хетафе (1:0) и беше заменет во 84. минута.

 

Според новинарот на „COPE“, Аранча Родригез, медицинските тестови отфрлиле сериозна повреда на играчот од средниот ред. Тој има мало истегнување на коленото. 

 

Камавинга оваа сезона има 53 настапи за Реал Мадрид. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан