Калиниќ ќе се пресели од Фенербахче во Валенсија
- Српскиот кошаркар Никола Калиниќ кариерата ќе ја продолжи во Шпанија. Досегашниот член на Фенербахче, се договорил со Валенсија, јавува инсајдерот на Евролигата, Варлас Никос.
Истанбул, 17 јули 2020 (МИА) – Српскиот кошаркар Никола Калиниќ кариерата ќе ја продолжи во Шпанија. Досегашниот член на Фенербахче, се договорил со Валенсија, јавува инсајдерот на Евролигата, Варлас Никос.
Дваесет и осумгодишниот Калиниќ последните пет сезони ги мина како играч на клубот од Истанбул.
Договорот на српскиот репрезентативец со Фенербахче заврши, а турскиот клуб не беше во можност да го продолжи договорот поради финансиски проблеми. зс/