Калас ги повика лидерите на ЕУ да не одат во Москва на 9 мај
- Високиот претставник на Европската унија, Каја Калас ги повика европските лидери да не учествуваат на воените прослави во Москва на 9 мај, туку да покажат солидарност со Украина.

Брисел, 15 април 2025 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија, Каја Калас ги повика европските лидери да не учествуваат на воените прослави во Москва на 9 мај, туку да покажат солидарност со Украина.
Како што пренесува Политико, повикувајќи се на руски медиуми, рускиот претседател Владимир Путин на прославата на 9 мај ги поканил лидерите на Кина, Индија, Бразил, како и Словачка и Србија. рп/
Фото: ЕПА