• четврток, 19 декември 2024

Казни за 173 возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин 

Казни за 173 возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин 
Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 173 возачи, од кои 104 на територија на Скопје. Од нив, казнети се 26 на територија на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Велес... Како што соопштија денеска од МВР, при акциската контрола санкционирани се и 134 друг вид сообраќајни прекршоци. МВР и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а до пешаците МВР со апел да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. цр/лв/

Остани поврзан