• петок, 22 ноември 2024

Казнети 90 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Казнети 90 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола
Скопје, 17 август 2022 (МИА) - На територијата на СВР Битола, денеска во периодот од 14:00 до 20:00 часот спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што казнети се 90 возачи. -Од нив, 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 21 надвор од населено место. 31 возачи се санкционирани на територија на Ресен, 24 на територија на Демир Хисар, 16 во Прилеп... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, се наведува во соопштението од МВР.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/аа/

Остани поврзан