• сабота, 23 ноември 2024

Казнети 154 возачи за брзо возење

Казнети 154 возачи за брзо возење

Скопје, 24 април 2022 (МИА) -  Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата при што санкционирани се 154 возачи за движење со брзина поголема од дозволената.

Од санкциите, 14 се возила за движење со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со над 70 километри на час. Притоа, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР. вг/хс/

Тагови

Остани поврзан