• четврток, 26 декември 2024

Казнети 146 возачи во Скопје, 15 за брзо возење

Казнети 146 возачи во Скопје, 15 за брзо возење
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Вкупно 146 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден во Скопје во акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР. За возење повеќе од дозволената брзина има15 санкции, седум мерки возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се четири мерки за користење мобилен при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР. мд/нд/

Остани поврзан