• сабота, 23 ноември 2024

Казнети 120 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Казнети 120 возачи во Скопје, 37 за брзо возење
Скопје, 22 април 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции. Изречени се и 14 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз... Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР. вг/са/

Тагови

Остани поврзан