Казнети повеќе од 30 кинески функционери поради неадекватен одговор на ширењето на Ковид-19
- Над 30 кинески функционери се казнети, а некои добија отказ затоа што не реагирале адекватно на најновиот пораст на бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјата
Пекинг, 9 август 2021 (МИА) - Над 30 кинески функционери се казнети, а некои добија отказ затоа што не реагирале адекватно на најновиот пораст на бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјата.
Кинеската национална здравствена комисија денеска објави дека во изминатите 24 часа регистрирани се 94 новозаразени со Ковид-19.
Најновата епидемија е поврзана со аеродромот во источниот град Нанкинг, каде помеѓу вработените се прошири делта сојот. ми/