• петок, 22 ноември 2024

Казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје и во Струга

Казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје и во Струга

Скопје, 23 септември 2023 (МИА) - Казнети и затворени денеска се повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга, соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

- Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните - потрошувачите!, напиша вечерва на својот Фејбук профил Трајковски. 

Тој апелира до сите трговци, дека нема да има компромис, ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните. мд/

Фото: Фејсбук на Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан