• сабота, 21 декември 2024

Казинс предложи да се воведат минути за тепачки меѓу играчите во НБА

Казинс предложи да се воведат минути за тепачки меѓу играчите во НБА

Вашингтон, 13 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот центарот во НБА, Демаркус Казинс, смета дека на лигата и се потребни две минути паузи за тепачки.

- Да ја водам лигата, очигледно не би ми пречело двеминутни борби, како во хокејот. Ова ќе им даде на момците неколку минути да ги испразнат своите емоции. Мислам дека е спектакуларно и одлично за спортот - преживуваат само силните. Би било возбудливо. Сигурен сум дека тоа би го зголемило рејтингот на лигата, изјави казинс за „Run It Back“.

Триесет и четиригодишниот Американец играше во НБА од 2010 до 2022 година. 

Казинс беше член на Сакраменто кингс, Голден Стејт вориорс, Њу Орлеанс, Хјустон рокетс, Лос Анџелес клиперс, Милвоки бакс и Денвер нагетс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан